Четиригодишно дете со Бентли прегази пешак во Монако

Полицијата соопшти дека возачот излегол од автомобилот за да го предаде клучот на лицето кое ги паркира возилата. А детето од задното седиште се префрлило напред и ја притиснало педалата за гас. Автомобилот се придвижил при што удрил во пешак, кој во моментот излегувал од хотелот.

528

Четиригодишно дете синоќа со автомобил прегази пешак во Монако. Повредениот човек беше префрлен во болница во Ница, каде беше опериран и не е во животна опасност.

Несреќата се случи пред хотелот Париз во Монако, каде престојува сопственикот на автомобилот Бентли и неговото семејство од Ерменија.






Полицијата соопшти дека возачот излегол од автомобилот за да го предаде клучот на лицето кое ги паркира возилата. А детето од задното седиште се префрлило напред и ја притиснало педалата за гас. Автомобилот се придвижил при што удрил во пешак, кој во моментот излегувал од хотелот.

Сè уште е непознато како автомобилот се придвижил ако биле отстранет клучот, а возачот не се сеќава дали го изгаснал моторот. Во тек е истрага за несреќата.

Поврзани содржини