ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ ПОВРЕДЕНО ВО ГРАДИНКА Радовишката полиција го истражува случајот
Повреденото дете поради повредите било препратено на понатамошно лекување во штипската болница.
Четиригодишно дете со повреди било донесено во Јавната здравствена установа во Радовиш, по што било препратено на понатамошно лекување во Клиничката болница во Штип, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Според првичните информации, детето ги добило повредите додека престојувало во детска градинка.
„Случајот е пријавен во полиција и во тек се мерки за негово целосно расчистување“, соопштуваат од МВР.