Четири награди за Душко Чифлиганец на меѓународен шампионат во мотоциклизам во Грција

Ова е прво учество и освоени високи титули за Душко Чифлиганец на меѓународни трки во брзински мотоциклизам, адреналински спорт со кој се занимава од мали нозе, балансирајќи ја така напорната работа како амбициозен бизнисмен на меѓународно ниво.

313

Високото второ и трето место на BMU Југоисточно Европскиот шампионат и триумф во една од трките за Македонскиот шампионат во брзински мотоциклизам на пистата во Серес, е одличниот биланс на освоени награди, со кои од трката минатиот викенд во Грција, се врати Душко Чифлиганец, успешниот млад бизнисмен и мотоциклист од Македонија, информира „Адора“.

Развиореното македонско знаме во супер тесната Југо Источно Европска конкуренција и овој фасцинантен успех во двете неизвесни трки составени од искусни натпреварувачи од Европа, младиот Чифлиганец го постигна на традиционалниот BMU шампионат во брзински мотоциклизам на тркачкиот мотодром во Серес, Грција, во класата до 1000 cm3.






Ова е прво учество и освоени високи титули за Душко Чифлиганец на меѓународни трки во брзински мотоциклизам, адреналински спорт со кој се занимава од мали нозе, балансирајќи ја така напорната работа како амбициозен бизнисмен на меѓународно ниво.

Душко Чифлиганец, на мотоциклистичките шампионати возеше во боите на својата матична Адора Бизнис Групација, каде тој е заменик-претседател, која има 20 годишна корпоративна општествено одговорна традиција во Македонија, како и во Србија преку заедничка хумана мисија со Фондацијата Новак Ѓоковиќ.

Покрај Душко Чифлиганец, во натпреварувањето учествуваа и други македонски мотоциклисти кои исто така постигнаа одлични резултати.

Поврзани содржини