Честитка од Пендаровски до Власите

Пред 116 години, Власите за првпат во тогашното Отоманско Царство беа признати како народ и добија можност за образование и за богослужба на својот мајчин јазик.

139

Претседателот Стево Пендаровски по повод 23 Mај, Националниот ден на Власите, упати честитка до сите припадници на Влашката заедница во Република Северна Македонија.

„Токму на овој ден, пред 116 години, Власите за првпат во тогашното Отоманско Царство беа признати како народ и добија можност за образование и за богослужба на својот мајчин јазик. Негувањето на етничкиот, јазичниот и културниот идентитет е континуиран процес кој никогаш не завршува. Се гордееме што карактеристиките, традицијата и обичаите на Власите се длабоко вткаени во нашето мултикултурно и мултиетничко општество. Република Северна Македонија и понатаму ревносно, како и за сите етнички заедници, ќе ја афирмира и промовира влашката историја и култура“, се наведува во честитката на Пендаровски.






Тој додава дека секој наш граѓанин повеќе од една година се соочува со опасноста од ковид-19, стравувајќи за својот и за животот и здравјето на своите најблиски.

„Со почетокот на масовната имунизација во нашата земја конечно се наѕира крајот на пандемијата. Да продолжиме да бидеме одговорни и дисциплинирани, солидарни и посветени, и што поскоро да се вратиме на нормалното секојдневие“, порачува Пендаровски.

Поврзани содржини