„ЧЕСТ МИ Е ДА БИДАМ ТУКА СО НАШИОТ ИДОЛ“ Леонардо Дикаприо му ја додели почесната Златна палма на Роберт де Ниро во Кан
Холивудската ѕвезда Леонардо Дикаприо вечерва, на отворањето на 78-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, му ја додели почесната Златна палма на легендата на седмата уметност, Роберт де Ниро.
Холивудската ѕвезда Леонардо Дикаприо вечерва, на отворањето на 78-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, му ја додели почесната Златна палма на легендата на седмата уметност, Роберт де Ниро.
„Чест ми е да бидам тука и да му оддадам признание на некој што беше пример за цела една генерација актери, нашиот идол Роберт де Ниро“, рече Леонардо Дикапро.
„Делото на Роберт де Ниро не се само улогите што ги играше, туку и начинот на кој ги поттикнува актерите да го гледаат овој занает, не само како изведба, туку како трансформација“, додал Дикаприо.
Примајќи ја Златната палма, Роберт де Ниро повика на „одбрана на демократијата“ од американскиот претседател Доналд Трамп, чиј е добро познат критичар.
Во САД „се бориме напорно да ја одбраниме демократијата за која мислевме дека сме ја стекнале“, рекол 81-годишниот актер.
„Уметноста е инклузивна, ги зближува луѓето, како вечерва, уметноста е во потрага по слобода, уметноста вклучува различност и затоа уметноста е под закана. Затоа ние сме закана за автократите и фашистите на овој свет“, рекол Де Ниро.
„Некултурниот американски претседател… едноставно ги укина средствата за општествените науки, за високото образование, а сега најави царини од 100 отсто за филмови произведени надвор од САД“, додал Де Ниро.
Тој рекол дека мора да се преземат мерки и дека „секој што ја сака слободата треба да се организира, да протестира и да гласа кога ќе има избори“.
„Вечерва и во текот на 11-те дена од Фестивалот, ќе ја покажеме нашата посветеност со тоа што ќе им оддадеме почест на слободата, еднаквоста и братството“, рекол Де Ниро, изговарајќи ги последните три збора „liberte, egalite, fraternite“ на француски јазик.