ЧЕШКА ИСПРАТИ ТЕНКОВИ ВО УКРАИНА НАТО размислува за нови воени бази во Источна Европа
Во меѓувреме, НАТО и сојузниците се подготвуваат да испорачаат уште оружје во Украина. За ова министрите за надворешни работи на земјите-членки ќе разговараат утре во Брисел. Според началникот на Здружениот генералштаб на американската армија, генерал Марк Мили, САД треба да размислат за формирање дополнителни воени бази во Источна Европа како заштита од руска агресија.
Чешка испрати неколку тенкови во Украина, изјави денеска извор од одбраната, потврдувајќи ја информацијата што претходно ја објави чешката јавна телевизија. Чешката телевизија објави дека се работи за тенкови Т-72 и борбени возила БВП-1. Од чешката одбрана одбиле да дадат повеќе детали. Според британски Телеграф испорачани се дузина тенкови.
#CzechRepublic has already sent dozens of older T-72 tanks + BMPs to #Ukraine.
Equipment have been sent as a „gift“ from Czech Army after the discussion with NATO allies.https://t.co/eQNoS0EAiw pic.twitter.com/LGTiskrQQk
— Filip Horký (@FilipHorky) April 5, 2022
Во меѓувреме, НАТО и сојузниците се подготвуваат да испорачаат уште оружје во Украина. За ова министрите за надворешни работи на земјите-членки ќе разговараат утре во Брисел. Според началникот на Здружениот генералштаб на американската армија, генерал Марк Мили, САД треба да размислат за формирање дополнителни воени бази во Источна Европа како заштита од руска агресија.
Тој појасни дека САД треба да ротираат сили во тие бази, наместо нивно трајно стационирање.
Мили во обраќањето пред Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, рече дека базите би биле финансирани од други земји, како што се Полска и балтичките земји, кои бараат распоредување дополнителни американски сили во регионот.
Секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин, вели дека плановите за „зајакнување на безбедноста“ во Источна Европа „сѐ уште се во тек“ и најверојатно ќе бидат разгледани на самитот на НАТО во јуни.