ЧЕЛЗИ ГО ЗАСИЛУВА МИЛАН Французинот се враќа во Италија

Италијанските медиуми објавија дека Милан ќе треба да му плати на Челзи 15 милиони евра за да го откупи договорот на францускиот фудбалер. 

279

Актуелниот европски шампион Челзи му го позајми на Милан во следните две сезони францускиот фудбалер Тимуе Бакајоко, соопшти италијанскиот прволигаш.

„Фудбалскиот клуб Милан со задоволство потврдува дека е постигнат договор за позајмица на Бакајоко за следните две сезони, со опција договорот да е откупен“, се наведува во клупското соопштение.






Французинот се пресели во Челзи во 2017 година, но настапуваше за премиерлигашот само во првата сезона, по што играше како позајмен фудбалер во Милан, Монако и Наполи.

Италијанските медиуми објавија дека Милан ќе треба да му плати на Челзи 15 милиони евра за да го откупи договорот на францускиот фудбалер.

Поврзани содржини