ЧЕЛИЧНАТА ДАМА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА ДОБИ ФУНКЦИЈА „ПАЛИ-ГАСИ“ Сестрата на Ким Јонг Ун ќе го има последниот збор

Ким Јо Јонг е една од најмоќните доверливи луѓе на Ким Јонг Ун, а минатата година, Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја ја оцени како „втора во командата“, но нејзиниот официјален статус отсекогаш бил нејасен.

1,865

Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун доби унапредување и сега нејзината позиција е највисоката во највисокото одлучувачко тело за нацијата, објавија севернокорејските медиуми.

Во соопштението се вели дека младата Ким Јо Јонг сега е член на Комисијата за државни работи (SAC), а тоа е владејачко тело во земјата на чие чело стои нејзиниот брат. Таа беше една од најважните политички фигури во земјата и клучен советник на Ким Јонг Ун, но новото унапредување е највисоката официјална позиција што таа некогаш ја имала.






Веста за унапредувањето на Ким Јо Јонг дојде откако Ким Јонг Ун изјави дека е подготвен следниот месец да ја обнови прекинатата меѓукорејска телефонска линија, но ги обвини САД дека предлагаат преговори без промена на непријателската политика кон земјата.

Ким ги даде овие забелешки за време на седницата на Врховното национално собрание, која се состана пред некој ден за да разговара за политичката, економската и за социјалната агенда на владата.

Северна Кореја уште еднаш побара од Сеул и од Вашингтон да ги укинат своите „двојни стандарди“ за развој на оружје.

Ким изрази подготвеност за повторно поврзување на меѓукорејската телефонска линија, почнувајќи од октомври, но ја критикуваше „погрешната претстава“ на Југот за, како што рече, воените провокации од Север.

Но, зошто е унапредена неговата сестра? Затоа што издигнувањето на Ким Јо Јонг во најважното одлучувачко тело во Северна Кореја се чини дека официјално ја зацементира нејзината улога во раководството на земјата. Таа е една од најмоќните доверливи луѓе на Ким Јонг Ун, а минатата година, Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја ја оцени како „втора во командата“, но нејзиниот официјален статус отсекогаш бил нејасен.

Ким Јо Јонг беше заштитно лице на делегацијата на земјата на Зимските олимписки игри во 2018 година во Пјонгчанг, Јужна Кореја, а токму таа беше најзаслужна за да се постават темелите за првиот самит меѓу Мун и нејзиниот брат, а исто така таа беше рамо до рамо со Ким Јонг Ун кога севернокорејскиот лидер се сретна со тогашниот американски претседател Доналд Трамп.

Минатата недела, Ким Јо Јонг побара од Југот да го направи „вистинскиот избор“ доколку искрено сака помирување и развој во меѓукорејските односи, вклучително и уште еден самит. Таа, исто така, ги предупреди САД и Јужна Кореја да ја прекинат својата „непријателска“ политика против Северна Кореја, пред да продолжат дискусиите по предлогот на јужнокорејскиот претседател да прогласи крај на војната меѓу Северот и Југот.

Поврзани содржини