ЧЕКОРОТ НА БУНДЕСТАГОТ Е ЗА ПОЗДРАВУВАЊЕ Клековски вели дека сега Бугарија е на ред да примени дел од пресудите во Стразбур

Чекорот на Бундестагот во Германија е за поздравување и е чекор во исправна насока. Меѓутоа првата ограда е дека во резолуцијата се вели дека го признаваат македонскиот јазик, култура и идентитет, морам да кажам дека и Бугарија го признава тоа но вели дека до 1944 тој јазик бил бугарски, рече Сашо Клековски, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

879

Во вечерашното гостување во дебатната емисија „Анализа 24″ на Телевизија 24 гостуваше членот на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски.

Тој истакна дека потребни ни се реформи внатре во државата, а не реформи за да станеме членка на Европска Унија.






– Чекорот на Бундестагот во Германија е за поздравување и е чекор во исправна насока. Меѓутоа првата ограда е дека во резолуцијата се вели дека го признаваат македонскиот јазик, култура и идентитет, морам да кажам дека и Бугарија го признава тоа но вели дека до 1944 тој јазик бил бугарски – кажа Клековски.

Тој вели дека покрај големата поддршка од Германија, и претпоставувам од САД ни е потребно да видиме мал чекор на добра волја од Бугарија.

– Ние не бараме да има измена на бугарскиот Устав за реципроцитет како што бараат одредени партии туку ние бараме мал израз на добра волја а тоа е прифаќање на неколку од пресудите на меѓународниот суд за човекови права во Стразбур и да покаже дека Бугарија е спремна да малку ја смени климата во државата – изјави Клековски.

Тој додаде дека досега имаме негативно искуство со ветувањата.

– Доаѓаа тука нѐ убедуваа, кажуваа бесплатно здравство во ЕУ, домашното се распаѓа итн. Следно големо разочарување ќе остави многу малку надеж да луѓето останат тука и ја сакаат оваа држава – посочи Клековски.

Поврзани содржини