ЧЕКОРИТЕ НА ФИНСКА СЕ ЗА ЖАЛЕЊЕ Песков вели дека членството во НАТО е сигурна закана за Русија

Кремљ денеска објави дека чекорот на Финска кон членство во НАТО е „дефинитивно закана за Русија“ и дека проширувањето на северноатлантскиот воен блок нема да го направи светот постабилен.

394

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес конференција кажа дека чекорите што ги презема Финска кон НАТО се за жалење и причина за адекватен одговор, пренесуваат британските медиуми. Кремљ денеска објави дека чекорот на Финска кон членство во НАТО е „дефинитивно закана за Русија“ и дека проширувањето на северноатлантскиот воен блок нема да го направи светот постабилен.

– Знаете дека Финска се приклучи кон непријателските чекори преземени во рамките на ЕУ кон нашата земја. Тоа не може, а да не предизвика жалење – изјави Песков.






Финскиот претседател и премиер претходно денеска заедно изјавија дека земјата мора „без одлагање“ да бара членство во НАТО.

Поврзани содржини