Чекор по чекор: Светот се враќа во „нормала“

Ова е еден вид тест што треба да покаже дали економијата може да се спаси, односно од она од што може да се живее, но без да се загрозува животот на граѓаните.

645

Повеќе од 250.000 луѓе починале од коронавирусот во светот, но светот полека, со претпазливост, се враќа кон нормалните активности.

Најмалку 12 земји, според „New York Times“, вклучувајќи ги и Германија, Италија и Шпанија, започнаа вчера да ги ублажат преземените мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот, еден вид тест што треба да покаже дали економијата може да се спаси, односно од она од што може да се живее, но без да се загрозува животот на граѓаните.






Во Германија, некои деца се вратија на училиште. Во оваа земја, која има пријави 163.100 заразени и 6.692 смртни случаи, од вчера се отворени зоолошките градини, музеите и фризерските салони, а кои се затворија кон средината на март.

Шпанија постепено се враќа во нормалниот живот, а прво се отвораат малите продавници и фризерските салони. Франција се подготвува да започне со олеснување на ограничувањата на 11-ти мај.

Италијанците во моментот се занимаваат со семантика, според „New York Times“, откако нивниот премиер рече дека можат да го посетат роднините, така и луѓето со кои се во некоја релација.

Многу власти во Европа ги олеснија мерките со предупредување, но исто така и надеж дека ќе треба повторно да воведат карантин ако повторно избие епидемијата.

– Колку што досега шишав луѓе, толку и дезинфицирав – рече еден фризер од Барселона, откако повторно ја отвори вратата од неговиот салон.

После 42 дена, Грците беа во можност да ги напуштат своите домови во понеделникот без да потврдат зошто треба го сторат тоа, додека фризерските салони, библиотеките и другите помали продавници беа отворени.

Од друга страна, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им порача на граѓаните „тие можат да излезат колку што сакаат, кога сакаат“.

Поврзани содржини