ЧАСОВИТЕ ПРЕКИНАТИ, ВРЕМЕ Е ЗА ЕВАКУАЦИЈА Нови дојави за бомби во 4 скопски училишта
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврдуваат информацијата и информираат дека во моментов се евакуираат гимназиите „Јосип Броз Тито,“ „Раде Јовчевски Корчагин“, „Орце Николов“ и „Никола Карев“.
Четири средни училишта во Скопје денеска повторно на своите електронски пошти добиле дојави за поставена бомба.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврдуваат информацијата и информираат дека во моментов се евакуираат гимназиите „Јосип Броз Тито,“ „Раде Јовчевски Корчагин“, „Орце Николов“ и „Никола Карев“.
„Денеска во СВР Скопје околу 9.30 часот е пријавено дека на електронска адреса на четири училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.