ЧАРЛС ТРЕТИ ЌЕ ГИ ПОМОГНЕ ВРАБОТЕНИТЕ СО БОНУС Од свој џеб ќе им исплати до 600 фунти

Вкупните бонуси, кои ќе бидат исплатени овој месец покрај регуларната плата, ќе изнесуваат десетици илјади фунти и  потекнуваат од кралскиот приватен приход.

289

Британскиот крал Чарлс Трети на своите 491 вработен  ќе им исплати бонус во износ до 600 фунти како помош поради се поголемите трошоци за живот во кризните времиња, објави таблоидот  „Сан“.

Вкупните бонуси, кои ќе бидат исплатени овој месец покрај регуларната плата, ќе изнесуваат десетици илјади фунти и  потекнуваат од кралскиот приватен приход.






„Персоналот кој годишно заработува помалку од 30.000 фунти ќе добие еднократна сума во износ од 600 фунти, оние кои годишно заработуваат меѓу 30.000 и 40.000 фунти ќе добијат 400, а сите на кои годишната плата над 40.000 фунти ќе добијат бонус од 350 фунти“, пишува „Сан“.

Лице блиско до кралското семејство за весникот вели:

-Кралот дава пари од сопствениот џеб за своите вработени со најниск примања. На тој начин сака да им помогне со животните трошоциво кризно време.

Поврзани содржини