ЧАО РАСОЛ, ДОБРЕДОЈДЕ МЛАДА ЗЕЛКО Зеленчук со малку калории, за добар имунитет
Зелката е една од најстарите намирници и првиот зеленчук што ни паѓа на ум кога ќе помислиме на кујната на нашите баби. И кога мислиме на зимата, ама и кога мислиме на пролетта, нели!?
Без разлика дали е црвена или зелена, зелката е богат извор на многу хранливи материи и минерали, од витамин Ц до калциум, фосфор и железо, до витамини Е, К и витамини од групата Б. Зелката е навистина „паметна глава“. Нискокалоричниот и суперхранлив зеленчук е уникатна комбинација на витамини А, Б, Ц, Е и К, омега-3 масни киселини и лековити сулфурни материи кои штитат од рак. Вистински благодет за имунитетот и варењето, го нарекуваат и зеленчук против стрес. Лековитите својства на зелката, свежата и киселата, се познати илјадници години и се традиционален домашен деликатес во студените денови на нашите простори, ама и одлична освежителна салата за пролетните денови, кога имунитетот паѓа.
Од дамнешно време, зелката се користи за лекување на разни болести. Покрај тоа, зелката е нискокалоричен зеленчук кој се состои од омега-3 масни киселини и лековити сулфурни материи кои штитат од рак. Поради малиот број на калории, таа е идеално решение за оние кои сакаат да ослабат или за оние на кои им е потребна помош со тоа! Поради високата содржина на витамин К, како и антоцијани, зелката може да ги подобри менталните функции и концентрацијата. Овие супстанции исто така го спречуваат уништувањето на нервите и ја зајакнуваат одбраната од Алцхајмерова болест и деменција.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.