Чаир предничи со 168 заболени, зад него Центар со 64
На Инфективната клиника вкупно хоспитализирани се 71 пациент.
По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера најмногу има во Чаир, соопшти денеска Министерството за здравство.
Во скопските општини ситуацијата е следна:
Чаир – 168
Центар – 64
Бутел – 63
Гази Баба – 58
Аеродром – 57
Сарај – 55
Карпош – 45
Кисела Вода – 35
Арачиново – 23
Студеничани – 19
Илинден – 18
Ѓорче Петров – 18
Шуто Оризари – 17
Петровец – 6
Чучер Сандево – 3
Сопиште – 2
Странец – 2
Направените 702 теста во текот на изминатото деноноќе се преку: ИЈЗ 440 , ЦЈЗ Скопје 24 , Авицена 0 , Биотек 0, Клиника „Жан Митрев“ 91, Систина со PCR метода 66 и МАНУ 81. Досега во земјата се направени вкупно 37.027 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани, при што нема позитивни на ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 71 пациент. На кислородна поддршка се 39 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, а вкупно хоспитализирани 42 пациенти. На респираторна машина се 8, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 39 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.