„ЧАИР НЕ Е ШАХОВСКА ФИГУРА НА ДУИ“ Ганиу ја повика Арсовска да не биде инструмент на Мала Речица
Градоначалникот на Чаир ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, итно да го ангажира ЈП „Комунална хигиена“ за чистење во општината.
Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу упати сериозно предупредување за загрижувачката состојба со управувањето на отпадот и јавните услуги во Чаир, истакнувајќи дека граѓаните се изложени на ризик од ширење на епидемии.
– Ние сме во 21 век, а се давиме во отпадоци. Чаир е дом на повеќе од 60.000 граѓани кои заслужуваат основни услови за живот – рече Ганиу на денешната прес-конференција.
Тој ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да не дозволи да биде инструментализирана од структурите на ДУИ и итно да го ангажира ЈП „Комунална хигиена“. Тој ги критикуваше и политичките партнери од Сарај за водење политичка кампања врз грбот на граѓаните.
Во своето обраќање Ганиу ги спомена и неисполнетите ветувања од Градот, вклучително и паркот, булеварите, бесплатниот јавен превоз и инвестициите во Старата скопска чаршија.
– Чаир нема долгови кон Градот. Имаме подготвен план за чистење и дезинфекција, доволно е Градот да нѐ блокира – заклучи Ганиу, потенцирајќи дека Општината останува отворена за институционална соработка и конкретни активности.