Чад и пепел го покрија Акропол

Поради големите пожари не ќе може да се пријде до Акропол во најтоплиот дел од денот, од 12 до 17 часот.

570

Пожарите кои стасале до предградието на Атина со пепел го покрија симболот, не само на грчката престолнина, туку и на цел свет – Акропол. Поради високите температури, какви што не се паметат изминативе 30 години, грчките власти одлучија да ги ограничат посетите на Акропол, кој инаку беше отворен за туристите секој ден од 8 до 20 часот.

Поради големите пожари не ќе може да се пријде до Акропол во најтоплиот дел од денот, од 12 до 17 часот.






Акропол е најважна туристичка атракција на Атина, кој секоја година привлекува голем број туристи. Најзначајните елементи на Акропол изградени се во текот на неколку децении во периодот на Перикле, во петтиот век пред новата ера.

Поврзани содржини