Цетински со сеќавање за Тоше: Твојата насмевка е надеж во оваа чудна и злобна ера

300

Хрватскиот пејач Тони Цетински денеска на ден пред годишнината од смртта на Тоше Проески се потсети на него со емотивен статус на социјалните мрежи.

-13 долги години. Утре некаде ова време не напушти физички, но само физички брат. Не можам да верувам колку многу ни недостасуваш и денес и колку тешко е за нас што си замина премногу рано. Животот навистина не е фер. Ме прашуваш каде сум и што правам? На пат, се разбира и дождот е одвратен, но твојата насмевка е надеж која на сите во денешната чудна и злобна ера е толку многу потребна. Ќе биде добро се додека те имаме тебе кои не чуваш со твоето присуство, песни и сите добрини кои ги остави на овој свет. Ти си ангел на добрината. Знам дека не чуваш онолку колку што треба и да знаеш дека секогаш си во нашите молитви. Те сакам брат, пишува во емотивниот статус Цетински.






Поврзани содржини