ЦЕНОГОРСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ГАСНАТ ВО РАОВИЌ И БУКОВИЌ Горно Мелничани бара воздушна поддршка
Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарот кај Барово и Вешово во Демир Капија вчера е ставен под контрола.
Пожарот кај Барово и Вешово во Демир Капија вчера беше ставен под контрола, а активен е пожарот кај селата Ракле, Никоди и Топлица во Прилеп.
В’чкова кажа и дека е активен пожарот кај селото Горно Мелничани, Општина Центар Жупа, каде ноќеска на терен останале дел од екипите, а во текот на денот ќе се разгледува за барањето на градоначалникот на Општината да се интервернира од воздух.
Пожарот кај селата Раовиќ и Буковиќ во скопската општина Сарај сè уште е активен, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
– Таму гори мешана шума, вчера беше извршено догаснување на постоечките жаришта, а како поддршка на припадниците на Министерството за внатрешни работи (МВР) и на Армијата се вклучија и црногорските хеликоптери со 12 налети испуштајќи големи количини вода. Но, најверојатно се работи за специфично земјиште, кое и покрај искористени 17 тони вода, не успеа целосно да се изгаси – изјави денеска Надица В’чкова.
Покрај овој пожар активни се и пожарите кај селата Ракле, Никоди и Топлица во Прилеп и кај селото Горно Мелничани, Општина Центар Жупа. Таму ноќеска на терен останале дел од екипите. Градоначалникот на Општината бара да се интервенира од воздух.
– Од овие причина денеска наутро во координација на Главниот штаб на ЦУК, ќе бидат активирани два хеликоптера, 40 припадници на Армијата, 30 припадници на специјалните полициски сили, 15 припадници на ЈП Национални шуми, како и две територијални противпожарни единици и еден тим на Дирекцијата за заштита и спасување да помогнат во справувањето и ставањето под контрола – изјави таа.
Пожарот кај Барово и Вешово во Демир Капија вчера е ставен под контрола.