ЦЕНИТЕ ОДАТ НАГОРЕ Геополитичката криза ја турка нафтата кон нов рекорд
Стравувањата од долготрајна блокада на Ормускиот теснец предизвикаа нов раст на цените на нафтата на светските берзи.
Цените на нафтата на меѓународните берзи повторно забележаа силен раст, поттикнат од стравувањата за можна долготрајна блокада на Ормускиот теснец, еден од најважните енергетски коридори во светот.
На берзата во Лондон цената на барел нафта се зголеми за 6,45 долари во однос на претходниот ден и достигна 107,61 долари.
Во меѓувреме, на американските берзи растот беше уште поизразен. Таму цената на барел нафта порасна за 10,80 долари, при што се тргуваше по 110,92 долари.
Аналитичарите предупредуваат дека продолжувањето на геополитичките тензии и можната блокада на Ормускиот теснец може дополнително да ги турка цените нагоре, што би се одразило врз глобалната економија, транспортот и цените на горивата.