ЦЕНИТЕ НА УСЛУГИТЕ ВО ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИОТ СЕКТОР ВО ЧЕТВРТИОТ КВАРТАЛ ЛАНИ ПОВИСОКИ ЗА 2,3% Поскапеа и услугите во транспортот и складирањето

Непроменети останале цените на поштенските и курирските услуги. 

0

Во последниот квартал лани е забележан пораст на цените на услугите, објави Државниот завод за статистика.

Споредбата на последниот квартал од 2025 година со истиот квартал од 2024 година покажуваат дека цените на услуги за телекомуникации забележале раст од 2,3%, на услугите за транспорт и складирање пораснале за 0,7%, додека, пак, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од 0,7 %. Непроменети останале цените на поштенските и курирските услуги.






Во истиот период, цените на услугите во секторот „информации и комуникации“ бележат пораст од  2,3 % во одделот Телекомуникации.

Опфатени се секторите „услуги за транспорт и складирање“ и „Услуги за информации и комуникации“ според Класификацијата на производите по дејности (КПД).

Поврзани содржини