ЦЕНИТЕ НА БЕНЗИНОТ ПАЃААТ, НО ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВА Регулаторна со нова корекција на горивата од ноќеска

Од ноќеска нови цени на горивата – бензините поевтинуваат за 1,5 денари, но дизелот се зголемува за 0,5 денари.

225

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, која стапува во сила од ноќеска.

Според одлуката, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 денари по литар, а цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,174 денари по килограм.






Од друга страна, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 0,50 денари по литар, додека цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува непроменета.

Нови цени на горивата:

ЕУРОСУПЕР БС-95: 74 денари/литар

ЕУРОСУПЕР БС-98: 76 денари/литар

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V): 70 денари/литар

Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 69,50 денари/литар

Мазут М-1 НС: 39,409 денари/килограм

Со оваа одлука, РКЕ информира дека просечното намалување на малопродажните цени изнесува 0,73% во однос на претходната одлука од 30 јуни 2025 година.

Поврзани содржини