ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА ЌЕ ПОЧНЕ ДА ПАЃА ОД АПРИЛ Бислимоски вели дека се очeкува да изнесува 120 евра за мегават
Анализирајќи ја ситуацијата во регинот, Бислимоски вели дека особено е лоша ситуацијата кај земјите што се увознички на електрична енергија и природен гас, а тоа се Северна Македонија, Молдавија, Косово, во одреден дел и Црна Гора зашто цените се драстично зголемени.
Намалување на цените на електричната енергија може да се очекува од втората половина на април следната година, но тоа намалување е во однос на денешните, поскапени цени, а не во однос на цените од минатата година, вели за МИА од Атина претседателот на Регулаторната комсија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски, кој претседава со Борд на регулатори на Енергетската заедница на седницата што се одржува во Атина.
-Тоа намалување е, да не биде 220-230 евра, туку да падне на 110 -120 евра. За такво намалување станува збор, но тоа 110-120 евра за мегават час што го нарекуваме намалување, всушност претставува зголемувње во однос на минатата година за повеќе од два пати, за жал. Но, верувам дека сега ќе ги чуеме и искуствата од другите земји, а во некои од нив, сигурно ќе бидат вклучени и Владите со цел да се стабилизира колку што може ситуацијата во енергетскиот сектор – вели Бислимоски.
По завршувањето на состанокот во Атина, Борд на регулаторни тела ќе излезе со заеднички заклучоци, „кои пред сè ќе се базираат на солидарност и меѓусебната поддршка“, но и дека е можно да има барање да се вклучат и владите „со цел да го помогнат влијанието во оваа енергетска криза“.
-Ние не можеме да бидеме изолирани, да кажеме ќе немаме никакви промени кога драстично се зголемени трошоците, но ќе побараме сите чинители во енергетскиот сектор да бидат солидарни и да бидат вклучени и владите во земјите членки на Енергетската заедница со цел да се намали оваа енергетска криза – додава Бислимоски.
Анализирајќи ја ситуацијата во регинот, Бислимоски вели дека особено е лоша ситуацијата кај земјите што се увознички на електрична енергија и природен гас, а тоа се Северна Македонија, Молдавија, Косово, во одреден дел и Црна Гора зашто цените се драстично зголемени.
Од друга страна вели дека во Босна и Херцеговина ситуацијата е порелаксирана, бидејќи се извозници, особено на електрична енергија, додека во Украина ситуацијата, како и претходно е малку нестабилна, бидејќи, како што вели, имаат проблеми со домашното производство на јаглен.
За Србија, коментира дека ситуацијата е неутраулна, бидејќи во најголем дел, своите потреби од електрична енергија ги обезбедуваат од сопствено производство, но вообичаено во зимскиот период увезувааат, па, како што посочува, ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата и во Србија.
Во декември 2019 година, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), едногласно беше избран за претседател на Бордот на регулатори на Енергетската заедница на тогашниот редовен состанок, а денеска доби нов, двегодишниот мандат.
Дел од Енергетската заедница, освен Северна Македонија се и Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Молдавија, Грузија, Украина и Албанија.