Цената на горивата скокна за половина денар

Малопродажната цена на „еуросупер - 95“ од полноќ ќе изнесува 67,5 денари, литар „еуросупер-98“ ќе чини 69,5, а дизелот за 60 денари за литар.

246

Горивата поскапуваат за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на „еуросупер – 95“ од полноќ ќе изнесува 67,5 денари, литар „еуросупер-98“ ќе чини 69,5, а  дизелот 60 денари за литар.






Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство не се менува, односно останува на исто ниво додека на мазутот се зголемува за 0,262 ден/кг и сега ќе изнесува 33,881 ден/кг.

-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 1,8 отсто, кај дизелот во просек за околу 1,7 отсто, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 1,8 отсто и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,4 отсто, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување – соопшти регулаторот.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 50,3651ден/$ .

Поврзани содржини