Цената на бензините се зголеми за 0,5 денари

Од полноќ „еуросуперот“ од 95  ќе се продава по цена од  72 денари за литар,додека  „еуросуперот“ од 98 октани по цена од 74 денари за литар.

602

Бензините од полноќ поскапуваат за 0,5 денари, додека дизелот останува со иста цена, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 отсто во однос на претходната недела.






Од полноќ „еуросуперот“ од 95  ќе се продава по цена од  72 денари за литар, додека  „еуросуперот“ од 98 октани по цена од 74 денари за литар.

Дизелот ќе чини 63 денари за литар, Масло за горење 63 денари за литар и Мазутот М-1 НС 37,719 денари за килограм.

 

 

Поврзани содржини