ЦЕНАТА Е ОД 100 ДО 200 ДЕНАРИ Се продаваат билети за ракометниот дуел против Португалија

177

Билетите за натпреварот што македонските ракометари ќе го одиграат против Португалија, в четврток во Скопје, во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година, од денеска се пуштени во продажба.

„Продажбата на влезници започна точно напладне онлајн на интернет страницата на МК Тикетс, а билети можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата“, соопшти Ракометната федерација на Македонија.






Продажната цена на влезниците за натпреварот в четврток од 19 часот во СРЦ „Борис Трајковски“ е 100 и 200 денари.

По две одиграни кола во групата 1, Македонија и Португалија се на делба на првото место со максимални шест бодови, додека Луксембург и Турција се без бодови.

Поврзани содржини