ЦЕЛТА НА ВУЧИЌ Е ДА СТАНЕ ИДЕН СРПСКИ ПРЕМИЕР Уставот не му овозможува уште еден претседателски мандат

Останува можноста Вучиќ да ја предводи листата на неговата СНС на следните избори, по што, при евентурална победа, би ја презел функцијата претседател на владата.

1,129

Српскиот претседател Александар Вучиќ би можел по следните избори да се врати на чело на Владата, како премиер, доколку неговата партија извојува победа, пишуваат сроски медуми. Иако самиот не ја потврдува таквата можност, Вучиќ вели дека неговата одлука ќе зависи од „истражувањата на јавното мислење“ и проценката дали Србија би одела во „погрешна насока“ без него.

Со истекот на вториот претседателски мандат и уставната забрана за нова кандидатура, како претседател на државата, останува можноста Вучиќ да ја предводи листата на неговата СНС на следните избори, по што, при евентурална победа, би ја презел функцијата претседател на владата. Со ова Вучиќ ќе тргне по стапките на рускиот претседател Владимир Путин, кој со Дмитриј Медведев си ги менуваше функциите премиер и претседател.






Иако во моментов нема одреден датум за избори, во политичките кругови се повеќе се спомнува моѓноста Вучиќ да биде носител на листата на СНС, а веројатно и кандидат за премиер. Неговите изјави за поддршка на „некој друг“ делуваат повеќе како формалност отколку реална опција, велат полтчки аналтичари во Србија. Во ваков контекст, опозицијата и студентските движења ќе мора да излезат на изборите со сериозна политичка алтернатива, што би го оневозможило враќањето на Вучиќ.

Поврзани содржини