ЦЕЛОСНО ЗАВРШЕНО БРОЕЊЕТО ВО 67 ОПШТИНИ Во Тетово води Арифи, а во Куманово Димитриевски

Втор круг, според податоците од  апликацијата на ДИК, ќе има во 40 општини.

1,514

Државната изборна комисија (ДИК) досега го заврши броењето во 67 општини во земјава, a 100 отсто од податоците се обработени во 11 општини. За Скопје и скопските општини се уште има нецелосни резултати. Сѐ уште не е завршено броењето на гласовите во Штип.

Броењето на гласовите е завршено во Градско, Дојран, Лозово, Росоман, Центар Жупа, Богданци, Пласица и Чешиново-Облешево, Арачиново, Берово и Битола како и Тетово и Куманово.






Според податоците, во Тетово се обработени сите избирачки места. Води Теута Арифи од ДУИ со 11.138 гласови пред  Билал Касами од БЕСА со освоени 10.496 гласови.

Во Куманово води Максим Димитриевски со 15.151 гласови, пред Оливер Илиевски од СДСМ со  15.098 гласови.

Во двете општини ќе има втор круга.

Втор круг, според податоците од  апликацијата на ДИК, ќе има во 40 општини:

Лозово, Бутел, Росоман, Битола, Боговиње, Арачиново, Брвеница, Василево, Вевчани, Врапчиште, Гевгелија, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Демир Хисар, Долнени, Желино, Зелениково, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Маврово, Ростуша, Македонска Каменица, Македонски Брод, Охрид, Ново Село, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Студеничани, Старо Нагоричане, Струга, Теарце, Чашка, Чешиново-Облешево, Чучер Сандево како и Тетово и Куманово.

Според првичните податоци Државната изборна комисија, досега во 28 општини  се избрани градоначалници во првиот круг и тоа:

Киро Нацков од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Градско со освоени 55,66% од гласовите;
Анго Ангов од СДСМ за градоначалник на Дојран со освоени 53,21% од гласовите;
Аријан Ибраим од ДПТМ за градоначалик на Центар Жупа со освоени 71,16% од гласовите.
Звонко Пекевски од СДСМ за Берово со 51,25% од гласовите.
Блаже Шапов од СДСМ за Богданци со 50,70% од гласовите.
Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ за Босилово со 58,33% од гласовите.
Перо Костадинов од СДСМ за Валандово со 57,73% од гласовите
Марко Колев од ВМРО-ДПМНЕ за Велес со 51,63% од гласовите
Миле Петков од ВМРО-ДПМНЕ за Виница со 54,74% од гласовите
Горан Трајковски од СДСМ за Делчево со 51,14% од гласовите
Борчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ за Зрновци со 54,54% оод гласовите
Александр Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ за Илинден со 53,40% од гласовите
Димитар Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ за Јегуновце со 50,40% од гласовите
Митко Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци со 72,35 од гласовите
Виктор Паунов од ВМРО-ДПМНЕ за Карбинци со 59,40% од гласовите
Сашко Митовски од СДСМ за Крива Паланка со 54,75% од гласовите
Николче Мискоски од СДСМ за Кривогаштани со 50,83%
Томе Христоски од СДСМ за Крушево со 52,70%
Еркан Арифи од ДУИ за Липково со 72,59%
Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ за Могила со 57,28%
Горан Стојанов од ВМРО-ДПМНЕ од Неготино со 51,94%
Стевче Стевановски од ВМРО-ДПМНЕ со 51,29%
Борче Митевски од ВМРО-ДПМНЕ за Петровец со 63,84%
Алија Јаоски од ДУО за Пласница со 76,65%
Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп со 54,56%
Стефче Трпковски од ВМРО-ДПМНЕ за Сопиште со 65,03%
Дејан Владев од ВМРО-ДПМНЕ за Свети Николе со 51,97%
Костадин Костадинов од СДСМ за Струмица со 53,71% од гласовите
Блерим Беџети од ДУИ за Сарај со 65,97%

Поврзани содржини