ЦЕЛОСНО Е ПОД КОНТРОЛА ПОЖАРОТ НА ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО Во Прилепско гасеше полициски хелокоптер

До 18 часот на територија на Македонија се регистрирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои 7 се активни, 4 се под контрола, а 5 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

143

Пожарот околу Преспанско Езеро е ставен под целосна контрола, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

На некои места во внатрешноста на опожарениот простор, додава тој, сè уште има догорувања, но нема опасност од ширење. Противпожарните екипи работат на доизгаснување на остатоците и ќе продолжат со патролирање во текот на ноќта.






Ангелов соопшти дека врз овој пожар во повеќе наврати дејствуваше еден ер трактор на Дирекцијата, а вториот ер трактор го гаснеше пожарот кај Желино и Еребино.

Во пожарот кај прилепските села Штавица, Чумово, Волково и Прилепец денеска дејствуваше еден полициски хеликоптер, а на терен има доволно ПП екипи како и локално население.

До 18 часот на територија на Македонија се регистрирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои 7 се активни, 4 се под контрола, а 5 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има на територија на општините Василево, Радовиш и Берово – село Нивичино, кај Готен Планина и Малешевски Планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, во Општина Македонски Брод, кај селото Грешница, каде е зафатена мешана шума и ниска вегетација и меѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа каде гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација.

Активни пожари има и во општина Ресен, кај селата Шурленци и Езерани (трска и ниска вегетација), општина Желино – меѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума), општина Прилеп – село Штавица, со ширење кон селата Чумово, Волково и Прилепец (ниска вегетација и деградирана шума) и во општина Шуто Оризари, на улица Брсјачка Буна (ниска вегетација).

Под контрола се пожарите кај село Николиќ во општина Дојран, во општина Велес – меѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, општина Гостивар – село Симница и во општина Прилеп – меѓу селата Царевиќ и Смолани, место викано Радобилски Рид.

Изгаснати се пожарите во општините Куманово, Старо Нагоричане, Брвеница, Гостивар и во Долнени.

Поврзани содржини