ЦЕЛИ ДВА МЕСЕЦА НЕ Е ГРАДОНАЧАЛНИК Шилегов се жали на Фејсбук за загадениот воздух во Скопје

Шилегов го објави резултатот на една од мерните станици што покажуваше енормно зголемување на загадениот воздух во Скопје и напиша „Go green…“.

4,095

Два месеца по убедливиот пораз што го доживеа на локалните избори, довчерашниот скопски градоначалник Петре Шилегов ноќеска околу полноќ се пожали за загадениот воздух во главниот град, објавувајќи на Фејсбук висок резултат на една од мерните апликации.

Шилегов го објави резултатот на една од мерните станици што покажуваше енормно зголемување на загадениот воздух во Скопје и напиша „Go green…“.






На ваквата негова реакција возврати и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која му порача на Шилегов дека имал 4 години за да го исчисти воздухот.

„Шилегов се фалеше дека го исчистил воздухот, но 4 години неработа доведе до максимално загаден воздух. Четири години преспани од СДСМ доведоа до најзагаден воздух во регионот и во Европа. Четири години СДСМ немаше преземено ништо за спречување на загадувањето на воздухот, како на централно, така и на локално ниво. И оваа година владата не планира ништо суштински во насока животната средина и борба против загадувањето на воздухот. И во најголемиот буџет до сега, нема реални проекти кои ќе го подобрат квалитетот на воздухот. Со СДСМ државата тоне. За подобрување потребни се промени на централно ниво. Затоа брзи предвремени избори се единствено решение“, наведено е во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје синоќа се вбројуваше во првите десет најзагадени градови во светот, според сервисот „Iqair“. Со индекс на квалитет на воздух 181, главниот град е шести на листата на загадени градови.

Апликацијата „Мој воздух“ покажа високи вредности на загаденост во сите делови на Скопје.

Поврзани содржини