ЦЕЛА ГОДИНА ГО ПОПРАВАВМЕ НАСЛЕДЕНИОТ ХАОС ВО ЕНЕРГЕТИКАТА Божиновска вели дека 7 години немало абер за енергетските капацитети

Министерката се осврна и на проектот за Чебрен за кој вели дека е најдобро да биде во македонска сопственост. Според неа, анализите на експертите покажале дека ваков проект ќе чини најмалку 1 милијарда евра, во кој се предвидува изградба на брана од 190 метри и е еден комплексен проект кој би се градел 7-8 години. Божиновска потсети дека во изминатите декади се спроведени 14 неуспешни тендери за изградба на Чебрен.

1,847

Владата наследила катастрофална состојба во енергетскиот систем од претходните раководства, вели миннистерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во интервју за МИА појаснувајќи дека се работи за „седум години негрижа за енергетските капацитети“ поради што, како што рече изминатата година работеле на консолидација на енергетскиот систем.

– Менаџментот се потруди многу за да ги направи ремонтите за да имаме стабилно снабдување со електрична енергија. Сега приоритетите ни се да го зголемиме производството и секако да го намалиме увозот, а понатаму бидејќи сме земја на сонцето имаме многу сончеви денови сакаме да станеме извозник и на електрична енергија – изјави Божиновска.






Таа вели дека во новиот закон за енергетика за првпат се воведува енергетска сиромаштија, ќе има граѓански заедници, за првпат се воведуваат батериите односно системи за складирање на електрична енергија, воведуваме и е-мобилност,

Министерката се осврна и на проектот за Чебрен за кој вели дека е најдобро да биде во македонска сопственост. Според неа, анализите на експертите покажале дека ваков проект ќе чини најмалку 1 милијарда евра, во кој се предвидува изградба на брана од 190 метри и е еден комплексен проект кој би се градел 7-8 години. Божиновска потсети дека во изминатите декади се спроведени 14 неуспешни тендери за изградба на Чебрен.

Во изминатиот период во повеќе наврати од Владата изјавија дека ги истражуваат можните начини за финансирање на овој капитален проект, а од минатата недела истиот е дел и од листата на проекти кои би се финансирале преку договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

 

Поврзани содржини