📽️ ЦЕЛ РЕГИОН ПЛАЧЕ ОД СМЕА ОД ОВА ВИДЕО Во снег до колена, тие во шорцови и со косилки

Тројца млади одлучија да ја претворат зимската чистачка мака во тотална комедија, во костими за капење и со „летна опрема“ в раце.

0

Тројца млади мажи од регионот станаа хит на TикТок кога наместо зимска облека, облекоа костими за капење и излегоа да го чистат снегот, како да се подготвуваат за летна сезона. Видеото, објавено на профилот „Luda_familija_03“, собра над 677.000 прегледи за помалку од едно деноноќие и за кратко време го освои цел Балкан.

Наместо јакни и ракавици, момците излегоа во двор во шорцови и маици без ракави, опремени со косилки за трева и косилки за грмушки. Додека околу нив има дебела снежна покривка, тие со широки насмевки почнуваат да „косат“ снег како да се во сред јули. Во еден момент, едниот дури се лизга и паѓа во снегот, што предизвика уште поголема реакција од гледачите.






Реакциите на TикТок не задоцнија. Корисниците пишуваа дека „умираат од смеа“, дека видеото им го разубавило денот и дека ваква сцена може да се види само на Балканот. Коментарите се редеа еден по друг:
„Вистинско време за косење трева“, „Три сезони во едно видео, ова е ремек-дело“, „Соседите сигурно се во шок“,
„Ова само кај нас може да се случи“.

Видеото продолжува да се шири, а триото од TикТок за кратко стана симбол на балканскиот хумор и снаодливост, да се претвори тешкиот зимски ден во спектакл што ги забавува сите.

 

@luda_familija_03 #foryou #bakaprase #prvisnegovezime😊 #zima #balkan ♬ Kosili smo seno – Dobrivoje Topalovic

Поврзани содржини