ЦЕЛ АРСЕНАЛ И МУНИЦИЈА НАЈДЕНИ ВО КРУШЕВО Пензионер дома чувал над 60 пиштоли, над 60 пушки и 2.000 парчиња муниција
За случајот е известен Јавен обвинител. По целосно расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок - изјави Стаматова, портпарол на СВР-Битола.
Над 60 пушки, над 60 пиштоли и околу 2.000 парчиња ловечка и боева муниција од различен калибар, како и разни делови за пушки и пиштоли беа запленети од страна на полицијата во домот на П.К (71) од Крушево.
– Криминалистичката полиција на СВР Битола во заедничка акција со полициски службеници од ОВР Крушево, по претходно добиена судска наредба изврши претрес во дом и простории на П.К. од Крушево – вели портпаролката на СВР Битола.
Стаматова додава дека за време на претресот извршен во текот на вчерашниот ден, пронајдени се над 60 пушки, над 60 пиштоли и околу 2.000 парчиња ловечка и боева муниција од различен калибар, како и разни делови за пушки и пиштоли.
– За случајот е известен Јавен обвинител. По целосно расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок – изјави Стаматова, портпарол на СВР-Битола.