Српската фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ за првпат се појави на снимањето на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, каде што ќе биде една од членовите на стручното жири од оваа сезона.
Цеца ќе биде постојана членка на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ од оваа сезона и како што рекла претходно, потпишала тригодишен договор.
Фолк-ѕвездата се појавила пред студиото на Кошутњак во елегантен костум, а со своето огромно деколте ги оставила сите без здив.
Инаку, Цеца доаѓа на местото на нејзината вечна ривалка, српската пејачка Јелена Карлеуша, која си замина од досегашното членство во музичкиот натпревар.
– Одлично ме примија. Ова се моите долгогодишни колеги од сцената. Ова не е новост за нив или за мене. Не дојдов овде да се тепам, немам од кого да се бранам, туку да ставиме акцент на кандидатите. Ќе бидам објективна. Можам да направам сѐ, само да не пеам – рекла Цеца.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм