Цеца им запеа на Ноле и Јелена, а тие се журкаа на нејзините хитови (ВИДЕО)
Најдобриот тенисер во светот Новаќ Ѓоковиќ во Белград организираше приватна забава по повод освојувањето на Ролан Гарос.
Пејачката Цеца Ражнатовиќ беше меѓу гостите на прославата организирана од најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ.
Една од најпопуларните пејачки во регионот ја збогати прославата на Ноле по повод освојувањето на Ролан Гарос, и по тој повод го зеде микрофонот и ги отпеа своите добро познати хитови.
Веќе на тактовите на првата песна, таа ја подигна атмосферата до „лудило“, а највесел секако беше Новак со неговата сопруга Јелена.