📽️ ВЕЛЕШАНИ ЈА ИЗБРКАА ЦЕЦА ОД КОНЦЕРТ ПОРАДИ БУГАРСКО ЗНАМЕ Која обожавателка и зошто ѝ го додаде знамето?
Жал ми е ако тој чин повреди некого – навистина не ми беше намерата, особено не да ги повредам или навредам домаќините. Верувам дека го знаете тоа, напиша пејачката на соцјалните мрежи по инцидентот во Велес.
Српската турбофолк пејачка Светлана Ражнатовиќ Цеца го навлече гневот на публиката откако синоќа во Велес вееше бугарско знаме кое ѝ го дофрли обожавателка. Дел од присутните свиреа, некои го напуштија концертот. Свирежите траеле со минути.
Неофицијално, девојката која го фрлила кон Цеца бил дојдена од рано, со огромен букет рози.
„Не ми е страно да прифатам било какво знаме од мојата публика, бидејќи тоа е моја публика, мој народ, мои луѓе. Нè обединува љубовта кон песната, без разлика од каде доаѓа. Жал ми е ако тој чин повреди некого – навистина не ми беше намерата, особено не да ги повредам или навредам домаќините. Верувам дека го знаете тоа“, напиша пејачката на социјалните мрежи по концертот.
Според организаторот, на концертот на Цеца во салата „Гемиџии“ имало околу пет илјади публика. Според полицијата за време и по концертот нема пријави за инциденти.
По инцидентот се огласи и победникот на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ. Тој тврди дека Цеца била изманипулирана од нејзината обожавателка и дека не верува дека пејачката го направила гестот намерно.
„Жената која ми помогна да го отсонувам сонот вчера во Велес била изманипулирана и тоа од свој верен фан, девојка која доаѓа на сите нејзини концерти. Како и зошто, тоа е друго прашање,“ напиша Станишиќ.
Во својата објава, Станишиќ потсети дека и самата пејачка претходно ја пеела песната „Бисер Балкански“ заедно со него, држејќи македонско знаме на сцената. Тој реакцијата за завршува со контроверзна порака:
„Сите се буните, а половина Македонија е со бугарски пасош. Срамота!“
