ЦЕЦА ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ КАРЛЕУША „Вратете ни ја Јелена во „Ѕвездите на Гранд“ ФОТО
Драги мои, одлучив дека е време да се повлечам од „Ѕвездите на Гранд“ пред мојот нов албум и соодветно на тоа по моја иницијатива, ја известив „Гранд продукција“ на 28 јуни оваа година и го раскинав договорот. Ја донесов оваа одлука првично за максимално да им се посветам на објавувањето и промоцијата на новиот албум што доаѓа, напиша Карлеуша на Инстаграм.
Набргу откако „Гранд продукција“ објави дека ќе ја гледаме Светлана Цеца Ражнатовиќ наместо Јелена Карлеуша во новата сезона, социјалните мрежи во Србија беа изгорени од коментари!
Фановите на Светлана Цеца Ражнатовиќ ѝ честитаат на пејачката „за победата“ над Јелена Карлеуша, додека „ЈК Армија“ вели – „повеќе нема да те гледаме“, пишува Мондо.
View this post on Instagram
„Јелена е единствената што ја направи програмата, здодевно ќе ѝ биде на Цеца“, гласеа коментарите на Инстаграм профилот на „Гранд продукција“, по што следеа и други.
„Без Јелена, веќе нема да гледаме „Ѕвездите на Гранд“, „Вратете ни ја Карлеуша“, но и „Какви глупости, ЈК е незаменлив“.
Јелена Карлеуша неодамна објави дека заминува од музичкиот натпревар, додека Цеца Ражнатовиќ сè уште не се огласила.
Еве што напиша Карлеуша на Инстаграм:
„Драги мои, одлучив дека е време да се повлечам од „Ѕвездите на Гранд“ пред мојот нов албум и соодветно на тоа по моја иницијатива, ја известив „Гранд продукција“ на 28 јуни оваа година и го раскинав договорот. Ја донесов оваа одлука првично за максимално да им се посветам на објавувањето и промоцијата на новиот албум што доаѓа. Од тогаш до денес се обидуваме да се најдат начини и услови за продолжување на снимањето. Сепак, не успеавме да се договориме. Кои се новите членови и што натпреварот ќе изгледа во иднина не е прашање за мене. Им посакувам сè најдобро“, напиша Карлеуша и прикачи слика од барањето за раскин на договорот.