Царовска: Продолжување на вонредна состојба не е потребна, исцрпени се сите потреби за неа

Вонредната состојба и дава можност на Владата да носи потребни мерки со цел подобро справување со коронакризата, последната беше потребна токму заради третиот економски пакет односно носење на уредби со законски сила - рече Царовска.

483

Владата за ова како и за сите други прашања поврзани со ковид-19 ќе заседава и одлучува во текот на следните денови – истакна потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска на гостувањето во емисијата „Отворено“ на ТВ 24, во однос на можноста за продолжување на вонредната состојба која завршува во сабота.

Таа поосочи дека исцрпени се сите потреби од неа, согласно проценките, во моментов не постојат причини и потреби за продолжување на вонредната состојба.






– Вонредната состојба и дава можност на Владата да носи потребни мерки со цел подобро справување со коронакризата, последната беше потребна токму заради третиот економски пакет односно носење на уредби со законски сила – рече Царовска.

Во однос на здравствениот аспект, Царовска посочи дека добро е што болниците не се преоптеретени, односно здравствениот систем е подготвен за периодот којшто претстои, а за евентуални нови рестрикции во иднина вонредна состојба не е потребна.

– Секој е одговорен за своето и здравјето на другите. Имаше доста граѓани кои присуствуваа на настани без потербните протоколи за заштита. Имаше изречени мерки, секако тоа требаше да биде позасилено, но не исклучиво преку репресија,туку и други начини како информирање – рече Царовска.

Потпретседателката на СДСМ истакна дека верските настани очигледно донесоа раст на новозаболени, за жал не се исполнија очекувањето дека верските лидери ќе испорачаат изјави и пораки за заштита на верниците.

– Очекував дека синхронизирано ќе ги повикаат граѓаните да ги почитуваат мерките, но тоа не се случи – рече Царовска.

Таа во интервјуто, одговарајќи на прашањето што ќе се случи доколку ВМРО-ДПМНЕ одлучи да ги бојкотири изборите, рече оти сака да верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на изборите заради тоа што тие се потребни од една страна за државата, за граѓаните, но од друга страна бидејќи тие се оние коишто го иницирале целиот овој процес и е важно да останат на тие позиции и да учествуваат на изборите.

– За конечно да ги имаме сите демократски институции во сила за да можеме да кажеме дека ние сме парламентарна демократија. На овој начин, едноставно цела една институција како што е Парламент, на којшто се базираме како држава го нема во моментов и затоа сум сигурна дека и тие проценувајќи ги сите овие моменти, а посебно дека и тие ќе бидат на гласачкото ливче дека ќе одлучат да одат на избори – нагласи Царовска.

Вицепремиерката рече дека веднаш по завршување на вонредната состојба, условите за одржување на изборите се по 22 дена, односно на 5 јули. Таа посочи дека се исцпрени сите потреби за продолжување на вонредната состојба.

– Ние полека како држава, како граѓани сите се навикнуваме на новиот начин на живеење. И ако можеме да одиме во маркет, ако можеме да одиме во банка, во ресторан, притоа да се заштитиме себеси – а тоа е користење на маска, користење на дезинфесиенси, држење на дистанца тоа укажува дека навистина е сегмент на тоа наше демократско живеење да излеземе на избори и да избереме следен Парламент, а со тоа ќе избереме и политичка влада затоа што тоа е важно за државата и за секој поединец во неа – потенцираше Царовска.

Таа оцени оти не гледа дека пречка, доколку во текот на изборите се одржат сите протоколи коишто здравствените власти ќе ги препорачуваат и секако ДИК ќе ги испочитува и ќе се воспостават како механизми во денот на изборите.

– Секако дека кампањата на поинаков начин ќе се води, со тоа од една страна сме безбедни, а од друга страна одиме на избори. А ако ги одложиме за еден, два или пет месеци како сме сигурни дека во септември или во октомври нема да имаме уште поголема бројка. Никогаш не сме сигурни затоа што гледаме дека тоа е динамички процес којшто и во другите држави тешко може да предвидат дали или кога ќе се стивне и кога ќе има следен пик. Токму затоа сметам дека е навистина важно да се одржат изборите со почитување на сите протоколи затоа што новото време на живеење предвидува да ние се штитиме себе и тие околу нас – заклучи вицепремиерката.

Поврзани содржини