Директорите на средните училишта постапуваат согласно заедничкото решение на Владата и Сојузот на средношколци за спроведувањето на завршниот испит, информира министерката за образование Мила Царовска по онлајн средбата со директорите .
– Најголем дел од училиштата веќе ги објавиле интерните испити. Уште еднаш повикав да се исполнат сите договорени елементи од матурата, затоа што тоа е во интерес на нашите ученици – рече Царовска.
Обврска на матурските предметни комисии е да подготват испитни задачи по секој предмет и да ги објават најдоцна три седмици пред полагањето. Од тие испитни задачи потоа се изготвува тестот за интерните испити.
Директорите на средните училишта информирале дека целосно ќе бидат спроведени сите безбедносни и заштитни мерки за полагање на матурата.