ЦАРИНИЦИТЕ ФАТИЈА БОГАТ ПЛЕН Три килограми злато, вредно 150.000 евра шверцувале во автобус
Над задните тркала во модифицирана фабричка шуплина, наменета за криумчарење на стока, биле пронајдени 20 најлонски кеси со златен накит со вкупна тежина од 2.773 грама, при што вкупната вредност на стоката во автобусот изнесува околу 9 милиони денари или 146.341 евра.
Македонските цариници денеска при вршење на детална царинска контрола на автобус пријавен за влез во државата, привремено задржаа 2.773 грама златен накит и еден автобус.
– Околу 6 часот на ГП Деве Баир за влез во државата се пријавил автобус марка „мерцедес“, управуван од лицето Т. Д. од Турција. При вршење на детална контрола од страна на царински службеници од Одделението за оперативни работи, над задните тркала во модифицирана фабричка шуплина, наменета за криумчарење на стока, биле пронајдени 20 најлонски кеси со златен накит со вкупна тежина од 2.773 грама, при што вкупната вредност на стоката и автобусот изнесува околу 9 милиони денари или 146.341 евра – информираат од Царината.