ЦАРИНАТА ВО СЕПТЕМВРИ НАПЛАТИ 179 МИЛИОНИ ЕВРА Најмногу пари се слеале од царини и од ДДВ

Кумулативно од почетокот на годината Царинската управа наплати приходи од 1,58 милијарди евра, што е за 78 милиони евра повеќе од лани истиот период.

45

Царинската управа во септември наплатила приходи од 179,5 милиони евра, што претставува раст од 7,5% во однос на истиот месец минатата година.

Притоа, најголем процентуален раст од 13,4% е остварен во наплатата на приходи од царина. Наплатата на приходи од ДДВ бележи раст од 8,7 %, од Данокот на моторни возила 6,9%, додека наплатата од акциза порасна за 3,7%.






– Создадовме систем што континуирано генерира високи приходи во Буџетот и овозможува повеќе средства за капитални проекти кои ќе генерираат одржлив економски раст. Во јули, наплатата на приходите беше зголемена за 10,5 милиони евра, во август за 14,5 милиони евра, а во септември за 12,5 милиони евра – вели директорот на Царинска управа Бобан Николовски.

Кумулативно од почетокот на годината Царинската управа наплати приходи од 1,58 милијарди евра, што е за 78 милиони евра повеќе од лани истиот период.

Поврзани содржини