📽️ ЦАРИНАТА УДРИ ПО ПЛОВИЛАТА НА ОХРИДСКО ЕЗЕРО Контролирани 38 чамци, зголемена наплата на давачки

Во координирана акција со МВР биле контролирани 38 пловни објекти, при што бил проверуван нивниот царински статус и лицата кои ги управуваат.

281

Зголемена наплата на увозни давачки за пловни објекти внесени во земјава со привремен увоз е евидентирана во изминатиот период, соопшти денеска Царинската управа.

Од Царината информираат дека Одделението за оперативни работи, во координирана акција со Министерството за внатрешни работи, извршило контрола на 38 пловни објекти на Охридското Езеро.






При контролите бил проверуван царинскиот статус на пловилата, како и лицата кои ги управуваат.

– Во изминатиот период се забележува зголемена активност на платени увозни давачки за пловни објекти кои биле внесени со привремен увоз, што укажува дека контролите даваат ефект – изјави управникот на Царинарница Битола, Ѓоко Трпоски.

Од Царинската управа појаснуваат дека контролите се насочени кон проверка на царинскиот статус на пловните објекти внесени во земјава, особено оние кои се опфатени со режимот на привремен увоз.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Согласно царинските прописи, пловилата внесени со привремен увоз може да се користат во земјава во законски утврден рок. По истекот на тој рок, доколку пловилото не биде повторно извезено и не ја напушти државата, неговиот правен статус треба да се регулира, односно да се спроведе постапка за увоз и да се платат соодветните царински давачки.

Од Царината велат дека продолжуваат со контролите за почитување на царинските прописи.

Поврзани содржини