Цакај: Не постои таен договор, ниту поделба на Косово

189

Министерот за надворешни работи на Албанија, Гент Цакај, изјави денеска дека по неговата посета на Вашингтон му е јасно дека нема поделба на Косово и дека нема таен договор.

Тој на заедничката конференција со премиерот Еди Рама во Приштина рече дека посетата на Вашингтон била планирана претходно и дека не била директно поврзана со прашањето за Косово.






– Единствената средба за Косово беше средба со г-дин (Ричард) Гренел. Од таму имам три пораки. Првата, нема таен договор. Втората, нема поделба на Косово и третата, нема потреба од брзање за договор поради некој интерес во однос на американските избори – рече Цакај.

 

Поврзани содржини