БУЗАЛКОВСКИ СО БРОНЗА НА ЕВРОПСКИ МОТО ШАМПИОНАТ Прв Македонец со ваков фантастичен резултат

Видеолотарија Касинос Австрија се радува на најновиот успех на македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски.

50

Видеолотарија во своите заложби за поддршка на македонскиот спорт, го препозна потенцијалот на македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски, кој е член на Здружението Мото клуб „Севенти оне тим“ Скопје.

– Веќе две години, застануваме зад него, овозможувајќи му да постигнува успеси на меѓународни шампионати. Токму и затоа силно се радуваме на неговиот најнов успех во брзински мотоциклизам – велат од Видеолотарија.






Талентираниот мотоциклист Христијан Бузалковски го освои бронзениот медал на Европскиот ФИМ Европа СТК1000 шампионат на кружни патеки во Гробник, Хрватска, што е историски резултат. Бузалковски е првиот Македонец со ваков фантастичен резултат.

– Чест и задоволство беше да се бориме со тимовите и да се вметнеме помеѓу најдобрите, и покрај тоа што немав доволен тренинг на патеките кои се возеа, зашто секоја од нив е на над илјада километри. Благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија затоа што ми ја дадоа својата доверба. Ќе направиме мала пауза, па потоа започнуваме со подготовки за следната сезона – сподели Бузалковски.

Спонзорство на Бузалковски е дел од стратегијата на Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија да ги поттикне спортските навики и да го негува развојот на спортскиот дух кај младите.

Поврзани содржини