БУШИ ЈУНИОР ГО „БУШИ“ ИМИЏОТ НА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ Каде се најавените „повеќе информации“ за скандалот со флешерите?

Министерот Спасовски најави дека до крајот на денот ќе бидат објавени повеќе информации за овој случај, но досега тоа не се случи. Истиот автомобил со кој Буши бегал од полицијата наводно бил фотографиран пролетва кога се случила кражбата во фирма за производство на масло од канабис. Спасовски вели тоа се шпекулации.

3,525

Одговорност ќе има за секој што направил прекршок, независно дали е министер, директор или обичен граѓанин, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки одговарајќи на прашање дали синот на неговиот заменик Назим Буши е опфатен со истрагата за кражба на маслото од канабис, бидејќи во јавноста протекоа информации дека со неговиот автомобил бил фотографиран пролетва кога се случила кражбата во фирма за производство на масло од канабис. Со истиот автомобил пред неколку дена со нелегално поставени „флешери“, помладиот Буши бегал од полициски патроли. Спасовски вели засега информациите се базираат на шпекулации, а детали за истрагата најави за подоцна во текот на денот, но засега таква информација нема.

– Значи, ова е тотално прашање кое што не се заснова ниту на еден факт и мислам дека најдобро е да ги чуете и да ги дочекаме сите факти и аггументи кои што се однесуваат за целиот овој процес и тоа што се аргументи и факти да ги пласираме во јавноста. Ние во текот на денот ќе излеземе со конкретна информација за овој случај и ќе ги знаеме сите податоци и факти. Тие факти и податоци не соодвествуваат со вашите шпекулации. Многу работи што ги поставивте во прашањето се шпекулации. Да, да, секако одговорност мора да има за тој што направил прекршок и тука нема дилема, кој сака нека е! Значи, дали е министер, дали е директор дали е обичен граѓанин, дали е новинар, за секој еден ќе има прекршок ако направил прекшок. За сите, да, апсолутно. Значи, еве зошто се шпекулации, не ве обвинувам јас само ви укажувам дека се шпекулации. Таму имате завршен предмет со осодутелна пресуда, значи тоа не е истрага, тоа е завршен предмет со осудителна пресуда. Зборуваме за тој предмет и затоа треба да ги погледнете сите аргументи и факти и да ги имате сознанијата и да не градиме перцепција на шпекулации. Значи, тоа често пати го укажувам, посебно во делот на безбедноста, да се држиме до аргументите и фактите – рече Спасовски одговарајќи на новинарско прашање.






Синот на заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши, со иницијали К.Б. во петокот бегал од полициски патроли со вклучени полициски флешери, а откако бил сопрен, полицајците пријавиле дека автомобилот е владин и во државна сопственост, по што возачот е пуштен на Качанички пат. Но од централата на СВР Скопје им одговориле дека регистрацијата која ја јавиле не припаѓа на службени владини возила туку на приватно ауди. И покрај тоа, полицајците од патролата го пуштиле синот на заменик министерот да си замине, но доказите не можеле да се избришат бидејќи радио-комуникацијата на полициските службеници е снимена во согласност со законските прописи. Прашање е дали ќе одговараат полицајците што го пуштиле да замине или добиле таква наредба од некој претпоставен.

Подоцна беше објавена и фотографија од истиот автомобил на синот на заменик министерот за внатрешни работи од пролетта годинава, кога беше ограбена фабриката за марихуана во стечај, „5 Летерс“ во Крушево. 

Поврзани содржини