БУРНА НЕДЕЛА ЗА ЦАРИНИЦИТЕ Спречени десетици обиди за криумчарење на цигари, лекови, пари и техничка опрема

Царинските служби открија серија обиди за криумчарење на повеќе гранични премини, од цигари и лекови, до конзоли, пари и скапи производи, со вкупна вредност од стотици илјади денари.

0

Царинските службеници во текот на минатата недела спречиле повеќе обиди за криумчарење различна стока на граничните премини во државата. Од цигари и лекови, до употребувана техничка опрема, автомобилски делови, мопеди, па дури и верски предмети — списокот на откриени прекршувања е долг и разновиден.

На скопскиот аеродром бил откриен куфер на патничка што требала да лета за Лондон, во кој биле скриени 27 штеки цигари „Marlboro“ и „Rothmans“ со македонски акцизни маркички.






На граничниот премин Ново Село, во багажник на автомобил бил најден употребуван мотор за „Mitsubishi Pajero“ од 1994 година, кој возачот се обидел да го внесе без пријава.

На „Св. Наум“ цариниците заплениле 75 пакетчиња и 123 ленти разни лекови, од кои дел психијатриски и хормонални препарати, за кои е потребна дозвола од Агенцијата за лекови. Лековите биле скриени под предните седишта, а нивната вредност надминува 83 илјади денари.

На преминот Стење биле откриени 58 пакувања ветеринарни лекови во торбите на двајца патници, а во Делчево цариниците нашле 7.600 евра кај возач кој пријавил дека носи само 2.000 евра — по што 5.600 евра му биле привремено задржани.

Нова заплена следела на Богородица, каде во просторот предвиден за резервна гума биле скриени 31 штеки цигари „PS“ без маркички, со вредност од речиси 28 илјади денари, а избегнати давачки од над 55 илјади денари.

Во Ново Село, при контрола на патничко комбе, биле пронајдени автомобилски браници, крила, менувач и детски бензински мопед, а во Гевгелија бил откриен обид за увоз на 10 ќилими, правосмукалка со пареа и 600 метри пластични лајсни, непријавени во документите.

На преминот Дојран цариниците наишле на една од најголемите пратки оваа недела: 842 верски предмети, 50 креми за лице и 84 килограми мед во 16 кутии — со вредност од речиси 900 илјади денари.

Царинските мобилни тимови исто така имале бурна недела. На Блаце биле пронајдени 120 цилиндри за брави „GUARD“, а на Табановце биле запленети 23 шишиња скапо виски „Lagavulin 16YO“ скриени меѓу седиштата.

Во уште два случаи на Блаце биле откриени употребувани „PlayStation 4“ конзоли, 49 контролери за „PS4“ и 9 контролери за „X-Box“, како и специјално подготвен „бункер“ за криумчарење во автобус на линија Приштина – Истанбул.

Поврзани содржини