БУРМАТА НА РАКАТА НА МИЛОШ БИКОВИЌ НАПРАВИ ХАОС Славниот актер се оженил?! (ФОТО)

Славниот актер многу се труди својот приватен живот и емотивната врска да ги држи подалеку од очите на јавноста.

3,152

Српскиот актер Милош Биковиќ во последно време сѐ почесто објавува фотографии на својот инстаграм-профил и на тој начин привлекува големо медиумско внимание кај своите фанови.

Така, неговата последна објава ја разбранува јавноста и неговите следбеници. На неговата приказна на Инстаграм, која ја сподели во вид на видео, во кадар упадна неговата десна рака, на која јасно се гледа прстенот што го носи на домалиот прст.






Славниот актер многу се труди својот приватен живот и емотивната врска да ги држи подалеку од очите на јавноста, но овој мал детаљ ги натера неговите следбеници да помислат дека Милош се оженил со својата избраничка.

Мислењата меѓу неговата публика се поделени. Некои тврдат дека тоа е секако вистина и се среќни се поради него, додека од друга страна, поединците не ја прифаќаат оваа претпоставка.

„Што и да е ова, каква бурма е ова“, „Гледам и не верувам“, „Немој да ни го правиш ова човеку“, „Ништо не би ме изненадило“, се дел од коментарите.

Miloš Biković

Да потсетиме, Биковиќ се појави на белградската премиера на филмот „Јужен ветар 2 – Забрзување“, во друштво на поубавата половина Ивана Малиќ, заносна црнка, која по професија е адвокат.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by nova.rs showbiz (@nova.rs_showbiz)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини