🎥 БУКЕТ ЦВЕЌЕ ЗА ДАМАТА Вучиќ ја пречека Сиљановска-Давкова во „Прохор Пчињски“

Како што е најавено во програмата на работната посета, по разговорите предвидено е да се обратат Вучиќ и претседателката Сиљановска Давкова.

1,439

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова го посетија манастирот Свети Прохор Пчињски, по што следеше разговор меѓу двајцата функционери.

Како што е најавено во програмата на работната посета, по разговорите предвидено е да се обратат Вучиќ и претседателката Сиљановска Давкова.






Вучиќ неодамна изјави дека ова ќе биде можност за дополнително зајакнување на врските меѓу двата народа, како и за конкретизирање на некои од плановите кои ја подигнуваат соработката на повисоко ниво.

– Среќни сме што можеме да ве угостиме денеска, ќе ручаме заедно. Многу сум среќен што можев да ѝ ја честитам победата на изборите и да ѝ посакам успешна работа во наредните години. Сигурен сум дека Србија и Македонија ќе развиваат понатамошни односи со взаемно почитување и дека ќе работиме на проекти – рече денеска Вучиќ.

Тој истакна и дека Србија пројавила интерес за изградба на пруга до Прешево.

– Веќе почнавме да разговараме, изразив интерес за изградба на пруга до Прешево за да има брз пристап до Солун. Разговаравме и за сите други прашања и проблеми со кои се соочуваме. На сите во Србија и на Македонците им го честитам денешниот празник, голем празник и нека слават уште многу години. Ја молам претседателката да се чувствува како дома во Србија. Убеден сум дека во нашата размена можеме да одиме до над 2 милијарди евра – рече претседателот Вучиќ.

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, рече дека е добро да се дојде овде.

– Нашите односи се извонредни и сме добри соседи во вистинска смисла на зборот – рече претседателката Сиљановска Давкова.

Според неа, постои желба за постојана соработка и солидарност.

– Се надевам дека ќе продолжиме во оваа смисла и во иднина. Знам дека оваа средба нема да биде последна, би сакала уште еднаш да ви се заблагодарам за разбирањето – заклучи таа.

Поврзани содржини