БУГАРСКОТО ВЕТО Е ПОРАДИ РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ Шекеринска зборува за нашиот заглавен пат кон ЕУ

Шекеринска смета дека бугарското вето е поттикнато од силното руско влијание во Бугарија. Според неа, ниеден Бугарин кој се смета за јавна личност, не излегол во јавноста да каже дека на Македонија треба да ѝ биде ставено вето. Вето не се става преку референдум. За тоа не гласаат обичните граѓани, вели таа.

1,812

„Мислам дека политиката на ЕУ за Балканот одамна требаше да се промени. Нашиот најголем проблем е бугарското вето. По Преспанскиот договор ние бевме почувствителни за геополитичките битки со соседите“.

Вака зборуваше поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на денешната панел-дискусија на Универзитет Американ Колеџ Скопје на тема „Војната во Украина и нејзиното влијание на Балканот“.






– Влезот во НАТО е готов, а тоа беше главниот фокус. Но, сега нашиот процес за влез во ЕУ е заглавен поради актуелната криза во Украина  – додава таа.

Шекеринска смета дека бугарското вето е поттикнато од силното руско влијание во Бугарија. Според неа, ниеден Бугарин кој се смета за јавна личност, не изегол во јавноста да каже дека на Македонија треба да ѝ биде ставено вето.

– Вето не се става преку референдум. За тоа не гласаат обичните граѓани – рече Шекеринска.

 

Поврзани содржини