БУГАРСКОТО МНР ИСПРАТИ СВОЈ ЧОВЕК ВО СТРУГА Ќе се испитува дали Кадриески бил истепан затоа што е Бугарин

Вработен во Генералниот конзулат во Битола е испратен во Струга со цел да се расчистат фактите околу случајот и да се утврди дали нападот е резултат на кривично дело од омраза. 

806

Бугарското Министерство за надворешни работи добило информација за физичкиот напад извршен денеска врз претседателот на Здружението на Бугари во Македонија – „Шемето“, Бекир Кадриески во Струга.

Вработен во Генералниот конзулат во Битола е испратен во Струга со цел да се расчистат фактите околу случајот и да се утврди дали нападот е резултат на кривично дело од омраза.






Оттаму посочуваат дека според првичните податоци, жртвата добила лекарска помош и е примена во локалната болница.

Кадриески, за бугарскиот портал Нова изјавил дека го нападнало непознато лице во градот Струга.

Тој тврдеше дека добил навреди дека е „валкан Бугарин“.

(ФОТО) „МЕ ТЕПАШЕ ЗАТОА ШТО СУМ БУГАРИН“ Инцидент во Струга, истепан е претседателот на бугарското здружение „Шемето“

Поврзани содржини